Регистриран земјотрес од 4 степени на Крит

Земјотрес со интензитет од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран денес на Крит, а е почувствуван низ целиот остров.

Според грчкиот портал „Прототема“, земјотресот е регистриран во 15:40 часот по локално време.

Земјотресот се случил на 600 километри североисточно од Пиргос, во Хераклион. Епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од пет километри.

4news.mk