Земјотрес со јачина од три степени според Рихтеровата скала утрово ја потресе околината на градот Патра, на северот на Пелопонез, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот бил почувствуван во 6:56 часот по локално време, а епицентарот бил на длабочина од 12 километри и на околу 15 километри од Патра.
Засега нема информации за потенцијална штета.