Река облеана во црвена боја предизвика загриженост кај жителите на Буенос Аирес

Жителите на Буенос Аирес изразија загриженост откако водите покрај брегот на Рио де ла Плата станаа црвени, а се претпоставува дека тоа е резултат на хемиско загадување, јавува Анадолу.

Инцидентот го привлече вниманието на јавноста и локалните власти, при што првичните сомненија се насочени кон тоа дека излевањето на анилин – хемиско соединение што често се користи во индустриски процеси – може да е извор на загадувањето.

Се верува дека загадувањето потекнува од компании што работат покрај реката Саранди, во предградијата на аргентинската метропола.

Црвената боја се прошири низводно од реката Саранди и стигна до Рио де ла Плата, што поттикна официјална истрага за можно испуштање индустриски отпад.

извор: Анадолија