Република: Албанецот со македонски пасош кој убиваше на улица во Виена бил дел од „балкански лавови“

Извештајот на италијанските разузнавачки служби за постоење на најмалку 20 џихадистички ќелии на Балканот, исфрли во прв план една со звучното име- „балкански лавови“ како „инкубатор на заканите за Европа“, објави Република . 

Задачата на оваа група, според италијанските разузнавачи, е да ги „зајакне периферните зглобови“ на движењето ИСИС во европските градови, што во превод значи – организирање и извршување терористички напади на стариот континент. Сепак, историјата на оваа група покажува дека веќе имала многу крв на рацете.

Кои се „балканските лавови“

Оваа група  е создадена од најозлогласените повратници од редовите на ИСИС од бојното поле на Блискиот Исток, кои по потекло се од Балканот. Главата му е на Косово и Метохија, а пипците ги шири во форма на ќелии во Албанија и  Македонија.

Првата поголема терористичка акција на„балканските лавови“ е крвавиот напад во Виена во ноември 2020 година. Кујтим Фејзулаи, Албанец со двојно државјанство на Австрија и на Македонија, носејќи автоматска пушка, пиштол и мачета, уби четворица и рани најмалку 22 жители на австриската престолнина пред да биде ликвидиран од полицијата. Истрагата утврдила дека тој бил регрутиран и радикализиран токму од „балканските лавови“.

 

извор: Република