Република: ДУИ подготвува бојкот на локалните избори?

Откако видоа дека Албанците повеќе не паѓаат на нивните хистерични лаги и лажни вести, откако се разобличија со коруптивни афери и црни листи, ДУИ заигрува на последната карта! Тие веќе немаат моќ да ги изманипулираат луѓето со измислената приказна за „деалбанизација” и сега се подготвени да направат уште едно политичко предавство на сопствениот народ – да бојкотираат избори и да се обидат на денот на гласањето да испровоцираат тензии, реагира коалицијата Вреди.

ДУИ знае дека има само еден начин за да не прокнижи уште еден пораз на нивното салдо: политичка криза! Токму затоа веќе подолго време инвестираат во лажната перцепција дека Албанците не се адекватно застапени затоа што ДУИ не е во Владата. Но сега сè е јасно и нема дилема! Али Ахмети вчера од Липково самиот потврди: ДУИ подготвува бојкот на локалните избори! Истовремено, го призна она што ние одамна го тврдиме. Иницијативата за Законот за употреба на албанскиот јазик пред Уставниот суд е кукавичкото јајце на ДУИ, со кое сака политички да профитира предизвикувајќи штета на Вреди. Ахмети повеќе нема избор. Нивните анкети им ја потврдуваат суровата вистина – Албанците повеќе не сакаат да ги гласаат, се наведува во соопштението.

Од Вреди истакнуваат дека авторитетот на Али Ахмети е разнишан, бидејќи од командант на УЧК се претвори во заложник на Артан Груби.

Сите знаат дека ДУИ сега е корумпирана партија, каде што неколку луѓе станаа милионери, нивните синови и ќерки се вработија со огромни плати, додека народот едвај врзува крај со крај! Таканаречениот „Европски фронт” на чело со ДУИ го покажа вистинското лице во собранискиот кабинет број 161! За да влезат наместо Вреди во Владата ѝ понудија на ВМРО-ДПМНЕ четири министерства и се предадоа целосно, само за да се спасат себеси! На Албанците им стана јасно дека ДУИ ги користи како топовско месо за да избегне соочување со правдата, истакнуваат од коалицијата.

Вреди порача дека ДУИ може да бега од изборите, но не може да избега од судот на народот – „овојпат казната ќе биде жестока – ќе ги испратиме во политичка историја!“

извор:РЕПУБЛИКА