Шеваљ Муаерми, попознат како Шеваљ од Грчец, водач на криминалната банда Грчец/Дуќанџик е добро. Нѐ поздрави од Дубаи каде живот си живее. Луксузни ресторани, дружби со српски „певаљки“. Се појави на роденденска забава на фудбалерот Лука Миливојевиќ, објави РЕПУБЛИКА.

Специјална гостинка на забавата беше балканската ѕвезда Драгана Мирковиќ. Друштвото пушеше пури, се пиеше на големо. Во еден момент Драгана ја запеа македонската „зајди зајди“ и друштовото беше во делириум. Летаа евра и долари, расположението било на максимум.