Европол, во соработка со 16 европски земји, спроведе акција против криминалните групи која резултираше со приведување на речиси 800 лица поради трговија со луѓе, дрога и нелегален шверц на оружје, соопшти денес агенцијата за спроведување на законот на Европската Унија (ЕУ), јавува Анадолу.
„Во акцијата во која учествуваа 31.109 полицајци се приведени 796 лица, започнати се 316 истраги и запленети 442 парчиња оружје“, соопшти Европол.
Европол соопшти дека имаат корист и од „проактивното учество“ на други земји како Туркије, Украина и Молдавија.
„Работејќи заеднички, агенциите и проектите на ЕУ и оние кои не се од ЕУ ја обезбедија својата експертиза што овозможува вистински обединет фронт против организираниот криминал“, се вели во извештајот.
Тие додаваат дека проверките и пребарувањата ги опфаќаат и физичкиот и онлајн светот, вклучувајќи ја чистата мрежа (clear web), темната мрежа (dark web) и платформите на социјални медиуми.