Рим го слушна „Македонисимо“ на Симон Трпчевски во чест на „Свети Кирил и Методиј“

Во рамките на културната програма по повод манифестацијата „Македонија во чест на Свети Кирил“, синоќа се одржа концертот на еден од најистакнатите амбасадори на македонската култура, Симон Трпчевски.
Концерт беше современа молитва, не со зборови, туку со музика. Симон Трпчевски и квинтетот „Македонисимо“ во историскиот простор „Хорти Салустијани“ изведоа дела од Едвард Григ, Петар Илич Чајковски и македонскиот композитор Панде Шахов.
Нека делото на Свети Кирил и понатаму нѐ води низ вековите и културата, затоа што јазикот ни е дом, културата ни е светлина, а заедништвото – сила, напиша на својот ФБ профил министерот за култура Зоран Љутков.