РКЕ ќе ги презентира заклучоците за реформата на тарифниот систем за струја

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска ќе се одржи јавна трибина на која ќе бидат презентирани заклучоците од анализите на предложената реформа на тарифниот систем за електрична енергија, подготвени од Факултетот за електротехника и информациски технологии и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј “. Од РКЕ информираат дека сите дилеми кои потрошувачите ги имаат и ги поставиле до РКЕ во однос на скалесто тарифирање се земени во предвид во анализите.

 

Радио Слободна Европа