Роберт Голоб е избран за претседател на Владата на Словенија, одлучено е во Парламентот на оваа земја дел од Европската Унија (ЕУ), јавува Агенција Анадолија (AA).
За избор на Голоб за премиер гласаа 54 пратеници, додека 30 беа против. Еден глас беше неважечки.
Тој беше поддржан од неговата партија Сводоба, социјалдемократите и Левица, како и претставниците на националните малцинства. Против неговото именување беа опозициската СДС, доскорешниот премиер премиер Јанез Јанша и НС.
„Благодарен сум и почестен што сум денес овде за да можам Словенија да ја одведам кон подобра иднина, иднина којашто ја заслужуваат сите наши државјани и државјанки“, рече Голоб, додавајќи:
„Ви благодарен на сите вас кои сте со нас од почетокот на патот. Благодарен сум и на оние кои ќе ни се придружат кога ќе видите дека сме на патот за доброто на сите нас“.
На Голоб, откако беше избран за премиер, престана да му важи мандатот на пратеник во словенечкиот Парламент, каде што го наследи Борут Сајовиќ.
За изборот за премиер честитки му упати и Јанша.
Извор: Агенција Анадолија (AA).
фото: Агенција Анадолија (AA).