Родителите на загинатите од Кочани добиле пораки со закани и недолични содржини

Дел од родителите на починатите во трагедијата во Кочани се жалат дека извесен период на социјалните мрежи добиваат пораки со закани и недолични содржини, а дел од тие пораки и јавно ги објавија.

Со случајот е запознат и секторот за внатрешни работи. Оттаму информираат дека секторот за компјутерски криминал во МВР нема добиено пријава, а по допрен глас од добиени информации од јавноста, интензивно презема дејствија за испитување на наводите и веќе постапува по однос на откривање на идентитет на лицето кое испраќа поракисо закани и недолични содржини и утврдување на веродостојноста на информациите во врска со истото.

МВР ги замолува лицата кои ги добиле овие пораки за истото да достават пријава на емаил адресата.

4news.mk