Романски пожарникар од својата дланка му дава вода на диво зајаче спасено во пожарите на Родос

Од огнената стихија на Родос не се загрозени само луѓето, туку и животните – медиумите јавуваат за бројни угинати домашни и диви животни, меѓу кои и елени од видот Дама-Дама, заштитен вид кој живее во чемпресова и борова шума.

Иако со денови во акција се повеќе од 100 хеликоптери за гаснење на огнот, пожарите во повеќе региони на Грција беснеат и натаму, како што јавува Службата за цивилна заштита. Десетици илјади луѓе се евакуирани од Родос и Крф, што е најголема акција од ваков вид досега во Грција.

На помош на грчките пожарникари и волонтери кои се борат со огнот се стигнати и пожарникари од Романија, Словачка и Полска.

 

DW