РСЕ: Косовската полиција привремено ги затвори граничните премини кај Јариње

Косовската полиција соопшти дека граничните премини на северот на Косово во Јариње и Брњак се привремено затворени, а поводот за тоа е полициска проценка и мерка за претпазливост по блокадите кои ги поставија српските жители на неколки села, објави РСЕ.

Полицијата соопшти дека мерките за претпазливост се преземени по блокадите на територијата на општините Лепосавиќ, Звечан и Зубин Поток, каде што е нарушена слободата на движење.

Граничната полиција ги повика граѓаните кои сакаат да влезат во Косово да ги користат другите гранични премини. Во повикот кон нив се бара и соработка како и „ да не наседнуваат на повиците за провокации од криминалнни групи“.

Каде се поставени барикадите

На северот на Косово во близина на Звечани, каде што мнозинството од населението што живее таму е српското население, денеска попладне поставија барикади. Според информациите на репортерот на Радио Слободна Европа, причина е апсењето на поранешниот припадник на косовската полиција Дејан Пантиќ. Патот е блокиран со четири камиони.

Според информациите од дописникот на РСЕ кој е на терен, хеликоптер на КФОР мисијата го надлетува местото Рудар. Намален е бројот на демонстранти за разлика од почетокот на поставувањето на барикадите, јавува дописникот на РСЕ.

За вечерва во 19 часот е најавено обраќање на српскиот претседател Александар Вучиќ во врска со послендите инциденти во северниот дел нд Косово.

На почетокот на ноември, припадниците на српската заедница ги напуштија косовските институции, вклучително и полицијата и судството, за да го изразат своето незадоволство од одлуката на Владата на Косово во врска со пререгистрацијата на возилата со косовски регистарски таблички. Спроведувањето на одлуката беше прекинато, но бојкотот на институциите продолжи.

Србите на северот последен пат поставија барикади на 31 јули, и поради одлуката за пререгистрација на возилата, но и поради реципрочните мерки кои потоа беа воведени во Србија во однос на личните документи. Во меѓувреме беше постигнат договор за документ.

извор: РСЕ