Претседателот на Собранието, Талат Џафери очекува пратениците да се водат од интересот на државата, а не од дневната политика за донесување на уставните измени, односно внесување на Бугарите во Преамбулата со цел да се комплетира фазата за отворање на преговорите со ЕУ, објави slobodnaevropa.mk.
Потребата за уставни измени не е заради потребата на парламентарно мнозинството, туку е потреба на државата за да може да го преземе и да го изоди патот кој е определен пред три децении, вели претседателот на Собранието, Талат Џафери во интервју за РСЕ кое целосно ќе се емитува в недела на прашањето дали ќе ги стави во собраниска процедура уставните измени, односно внесувањето на Бугарите во Преамбулата кои се услов за почеток на преговорите со ЕУ доколку претходно не е обезбедено потребното дво-третинско мнозинство.
„И во тој контекст сметам дека сите треба да рефлектираат по однос на интерес на државата и на граѓаните, а на по интерес на политичките партии и во смислам на дневна политика, борба за гола власт да се менува власта, туку во секој случај која и власт да дојде ќе мора да го изоди тој пат“, вели Џафери.
Првата меѓувладина конференција на ЕУ и Македонија се одржа на 19 јули и по неа веднаш започна скринингот кој е предвидено да трае година и половина. По негово завршување треба да се одржи и втора Меѓувладина конференција на која треба да се комплетира фазата за отворање на преговорите, меѓутоа, нејзиното одржување е условено со донесување на уставните измени.
Без опозициски пратеници тешко до дво-третинско мнозинство
ВМРО-ДПМНЕ се противи на уставни измени и најави дека нема да гласа за нив, а Уставот не може да се смени само со просто мнозинство, односно потребни се и гласови од пратениците од опозициската партија.
Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk.