Минатата година високата инфлација, разгорена од растот на цените на храната и енергијата, го испразни џебот на граѓаните. Годинава, институциите предвидуваат забавување на инфлацијата и се прогнозира да достигне 8 – 9 %. Но очекувањата за подобрување на животниот стандард не се воопшто розови, објави slobodnaevropa.mk.
„Катастрофа“. Тоа е одговорот на скопјанката Сузана Ѓуровска, за тоа какви очекувања има за оваа година, во однос на инфлацијата, високите цени, и воопшто, за животот во ек на економска криза.
Има минимални примања кои ги обезбедува со чистење канцеларии. Вели дека е среќна што има синови кои работат и можат да и помогнат, но свесна е дека тоа не е решение. Забележува дека во целиот свет економската состојба не е добра, ама лошо „како овде, не е!“.
„За овие цени сега што се, треба (платата) да е барем 40.000, па да живееш просечно“, вели таа.
На почетокот на минатата година минималната плата порасна, од 15.200 на 18.000 денари, но инфлацијата во текот на годината ги изеде овие пари. Слична е ситуацијата и со просечната плата , која според последните податоци од Државниот завод за статистика, стигна нешто над 33 илјади денари.
Трошоците за живот во ноември пак биле за 19,5 отсто повисоки од истиот месец претходната година, што ја стави земјава на врвот на Европа во однос на инфлацијата. Според Еуростат, повисока инфлација имаат само Унгарија и Балтичките држави – Естонија, Литванија и Летонија, каде таа се движи меѓу 21 и 22 проценти.
Ова практично значи дека она што можела да го купи Ѓуровска за 10.000 денари во ноември 2021 година, една година ја подоцна чинело 12.000 денари.
Дополнителен проблем за неа е и енормниот раст на цените на храната, за која статистиката покажува дека одат барем половината од примањата на просечниот граѓанин, или далеку повеќе кога се работи тие што живеат на минималец. Па така, ако за леб таа месечно трошела по 1000 денари во 2021-ва, лани во ноември веќе и требале 1450 денари.
2023 – година на продолжена инфлација
Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk.