Русинката што ги прекина вестите со антивоена порака е недостапна за адвокатот

Адвокатот на антивоената демонстрантка која го прекина преносот на вести во живо на руската државна телевизија вели дека не успеал да ја лоцира својата клиентка која беше приведена од руските власти веднаш по нејзиниот протестен чин.

Павел Чиков на Твитер напиша дека Марина Овсијаникова „сè уште не е пронајдена“ откако беше притворена повеќе од 12 часа. Тој, исто така, рече дека првичната полициска истрага „не дава основа за притвор и затвор“.

Канцеларијата за човекови права на ОН ги повика руските власти да се погрижат Овсијаникова „да не се соочи со каква било одмазда за користењето на своето право на слобода на изразување“, пренесе британскиот Скај Њуз.

 

извор/фото: Радио Слободна Европа