Русија забрани летови на авиокомпании од 36 земји

Русија објави дека ги забранува летовите од авиокомпании од 36 земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Германија, Шпанија, Италија и Канада.

Ова следува по одлуката на ЕУ да им забрани на „авионите во руска сопственост, регистрирани таму или контролирани од Русија“ користење на нејзиниот воздушен простор.

Велика Британија, исто така, забрани авиони на „Аерофлот“ да слетуваат во Британија, што ја натера Русија да објави реципрочна забрана за британските авиокомпании.

360степени