Русија започна итна спасувачка операција откако два руски танкери претрпеа големи оштетувања поради бурата што го зафати теснецот Керч, предизвикувајќи излевање на нафта, објавија руските власти денес за државните медиуми, известува Анадолу.
„Танкерот ‘Волгонјефт-212’, со екипаж од 13 лица, кој превезуваше мазут, се насука и го скрши носот на бродот“, објави руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на Министерството за вонредни состојби на земјата.
Се додава дека оштетувањата се предизвикани од поради временски услови.
Министерството за вонредни состојби соопшти дека е оштетена и уште една цистерна „Волгонјефт 239“, која пловела во истата област со 14 членови на екипажот.
Теснецот Керч ја дели Русија од дели полуостровот Крим, кој беше анектиран од страна на Русија, и е важна глобална бродска рута што овозможува премин од Азовското Море во Црното Море.