Русија ги интензивираше нападите врз источните региони на Украина, со главна цел преостанато упориште во Мариупол, фабриката за челик Азовстал, додека западните влади ветија дека ќе испратат оружје и ќе работат на воведување повеќе санкции кон Москва. Русија доцна синоќа постави нов ултиматум до бранителите на Мариупол да се предадат. Во соопштението на Министерството за одбрана се повикува Киев да им даде наредба на борците „да престанат со својот бесмислен отпор“ од 14 часот по московско време на 20 април додека Русија се обидува да воспостави копнен мост меѓу деловите на источна Украина веќе контролирани од сепаратистите поддржани од Русија и Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година.