Руските медиуми директно ја пренесуваат погребната церемонија на збогување со Дарија Дугина

Во Москва се одржува комеморацијата на убиената новинарка Дарија Дугин, која пред неколку дена, според ФСБ, беше убиена од агенти на украинските специјални служби.

Телевизискиот центар Останкино беше избран за место на прошталната церемонија на ќерката на филозофот Александар Дугин, која во моментот на убиството имала само 30 години.

Роднините, пријателите и граѓани се збогуваат со новинарката Дарија Дугина, ќерка на познатиот руски филозоф Александар Дугин. Тој им се обрати на насобраните:

„Нејзината мајка и јас ја советувавме да стане филозоф, а таа стана. Низ искушенија, таа стана подобра од нас. Во нашето семејство отсекогаш важело правилото: мора да станеш подобар, да напредуваш, да бидеш похрабар. Дарија умре за народот, за Русија, во име на победата“ – рече тој.

Руските медиуми директно ја пренесуваат погребната церемонија на збогување со Дарија Дугина. Нејзиниот погреб ќе се одржи во московскиот регион, а многу гледачи ширум светот се изненадени од фактот што ковчегот бил отворен иако ќерката на Дугин e убиена во експлозија на автомобил-бомба.

фото: PRTSC Останкино