Руски патнички авион вчера принудно слета во Египет веднаш по полетувањето поради технички дефект, известува Анадолу.
„Авионо Ербас А-321 на ‘Урал ерлајнс’ кона пат кон Екатеринбург, Русија, со 236 патници мораше да се врати на аеродромот во Шарм ел Шеик“, се вели во соопштението на египетското Министерство за цивилна авијација.
Се додава дека откако се случил техничкиот проблем во еден од моторите само 10 минути по полетувањето, пилотот веднаш побарал дозвола за итно слетување.
Сите патници се безбедно префрлени на меѓународниот терминал.
Стручни тимови ја испитуваат причината за дефектот и ги вршат потребните поправки.