САД ги укинаа санкциите против член на кабинетот на Орбан

Соединетите Држави на 15 април ги укинаа санкциите воведени во јануари врз шефот на кабинетот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, Антал Роган, поради обвинувања за корупција и кронизам.

Во соопштение објавено на веб-страницата на Министерството за финансии се вели дека Роган е избришан од листата на санкции.

„Државниот секретар Марко Рубио на 15 април разговараше со унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто и го информираше за потегот“, изјави портпаролката на Стејт департментот, Теми Брус.

Рубио му кажа на Сијарто дека Роган е отстранет од листата на специјално назначени државјани и блокирани лица на Министерството за финансии, рече Брус.

„Двајцата, исто така, разговараа за зајакнување на усогласувањето на САД и Унгарија по критични прашања и можности за економска соработка“, рече Брус.

 

 

 

slobodnaevropa.mk