САД го протераа вториот по ранг руски дипломат во Вашингтон како одмазда за протерувањето на американскиот дипломат број 2 во Москва

САД го протераа вториот по ранг руски дипломат во Вашингтон како одмазда за протерувањето на американскиот дипломат број 2 во Москва, јавија американските медиуми.

Официјалниот претставник рече дека Стејт департментот ја известил руската Амбасада дека го протерува   Сергеј Трепелков, кој моментално е втор по ранг во мисијата под амбасадорот Анатолиј Антонов. Русија го протера заменик-шефот на мисијата на САД, Барт Горман од Москва во средината на февруари.