САД: Десетмина повредени во масовно пукање пред ноќен клуб во Њујорк

 Најмалку 10 лица се повредени во масовно пукање пред ноќен клуб во Њујорк доцна синоќа, соопшти њујоршката полиција, јавува Анадолу.

Пукањето се случило близу ноќниот клуб „Амазура“ во квартот Јамајка во Квинс, објави „Њујорк пост“ повикувајќи се на полициски и други извори.

Повредените се пренесени во локалните болници, како Еврејската болница на Лонг Ајленд и Детскиот медицински центар Коен.

Повредените не се во животна опасност и се очекува сите жртви да закрепнат, потврди њујоршката полиција.

 

извор: Анадолија