САД нема да го добијат Гренланд, изјави премиерот на Гренланд Јенс-Фредерик Нилсен

САД нема да го добијат Гренланд, изјави денеска на Фејсбук премиерот на Гренланд Јенс-Фредерик Нилсен како одговор на изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека сака да ја преземе контролата врз оваа самоуправна автономна територија под суверенитет на Данска.

„Претседателот САД Доналд Трамп вели дека Соединетите Американски Држави го добиваат Гренланд. Дозволете ми да бидам јасен: Соединетите Американски Држави нема да го добијат тоа. Ние не припаѓаме на никој друг. Ние сами ја одредуваме нашата иднина“, рече Нилсен, пренесе Ројтерс.

Трамп повторно навести дека може да употреби воена сила за да го преземе Гренланд, објави Политико.

4news.mk