Американското Министерство за финансии објави шестмесечен прекин на санкциите воведени кон Сирија за да дозволи помош за земјата, која е тешко погодена од катастрофалните земјотреси во соседна Турција.
Доколку министерството не ја донесеше оваа одлука, помошта немаше да може да стигне до Сирија, бидејќи ќе беше забранета со санкциите против таа земја, јави ДПА.
Во време кога меѓународните сојузници и хуманитарни партнери се мобилизираат за да им помогнат на погодените, сакам многу јасно да кажам дека американските санкции во Сирија нема да им пречат на спасувачките напори за сирискиот народ – рече заменик-секретарот за финансии Воли Адејемо.
Санкциите наметнати од САД и Европската унија го отежнуваат извозот во Сирија, каде веќе 12 години има граѓанска војна.
извор: ДПА