Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (13.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 146 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 10 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 18 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Изречени се осум мерки за користење на мобилен телефон, 10 санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за технички неисправни возила во јавниот превоз, пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Потребна е ефективна имплементација на постојното законодавство, наместо да се покренуваат ад хок иницијативи, стои во Нацрт-извештајот на Европската комисија…