Денеска, во периодот од 6 до 10 часот, на територијата на Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици.
При контролата констатирани се 35 сообраќајни прекршоци, од кои 10 за непрописно вклучување во сообраќај, 10 за возење без сообраќајна дозвола, седум за користење мобилен телефон при возење, пет возила се исклучени од сообраќај поради возење под дејство на алкохол. На вонреден технички преглед биле упатени девет возила.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас.
skopskoeho.mk