Екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, Горан Грујовски и Тони Јакимовски, обвинети во случајот „Трезор“, денеска си добија ослободителна пресуда за случајот во врска со злоупотреба на средства од Буџетот на државата за набавка на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.
Основниот суд Скопје 1 донесе ослободителна пресуда утврдувајќи дека Јавното обвинителство не успеало да докаже ниту една од претпоставките кои се ставаа на товар на обвинетите.
Според нив, немало злоупотреба, немало искористување на службената положба, немало штета за државата и немало незаконски профит како што ЈО се обиде да креира впечаток во јавноста.
„За обвинетиот Сашо Мијалков, за обвинетиот Горан Грујевски, за обвинетиот Тони Јакимовски се ослободуваат од обвинение бидејќи јавниот обвинител не докажа дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат. Одново прашањата се разјаснува од 15 февруари 2022 година. Судот постапувајќи во повторената постапка, согласно напатствијата од Апелација, закажа и одржа повеќе главни расправи. Обвинителството изврши и измена во однос на правната квалификација во однос на делата, на начин што сега, Сашо Мијалков и Горан Грујевски, сториле злоупотреба на службена положба и овластување… Наместо дејствието искористување на службената положба, се товарат за пречекорување на границите на службената положба“, рече судијката Имране Селмани.
Инаку, „Трезор“ го отвори екс Специјално јавно обвинителство (СЈО).