Свадбата и свадбеното пеење кај македонците од Мала Преспа

,,Свадбата како обред на премин во Македонија претставува жива

традиција, која чува бројни и разни докази како за општествените односи

на традиционалната заедница, така и за промените на овој сложен

семејно-обичаен и обреден циклус“ (Величковска 2008: 55).

Весна Петреска, во студијата за свадбата како обред на премин кај

Македонците од Брсјачката етнографска целина, прави анализа на

свадбата во контекст на теоријата на обредите на премин, поврзувајќи ги

свадбените обичаи во нивните изразеност, функција и значење,

истакнувајќи притоа дека преминот што индивидуите треба да го извршат

со свадбата се одвива постепено, а клучните моменти што се значајни за

успешно извршениот премин се изразуваат на ниво на целокупниот

свадбен обреден комплекс носија, обреди и песни – (Петреска 2002: 10).

Свадбениот обреден комплекс содржи остатоци карактеристиките на

општествениот живот во минатото. Според Величковска, за овој комплекс

е својствено тоа што изобилува со голем број обредно-магиски дејствија

во чија основа стои апотропејскиот карактер: При самиот чин на свадбата

најмногу се внимавало младоженците да не паднат под влијание на “лоши

очи” и разни магии со негативни последици. Главни личности во

свадбениот церемонијал, освен невестата и младоженецот, се: кумот,

старосватот, братот на невестата, деверот и други учесници, кои се викаат

сватови. За нив, во текот на целиот свадбен ритуал се пеат песни,

поврзани со целокупниот обреден процес и имаат точно одредено обредно

место и време на изведбата” (Величковска 2008: 55).

Предмет на истражување во овој труд е идеалтипското претставување на

свадбениот обреден комплекс, како дел од се уште живата обредна и

обредно-пејачка традиција кај Македонците од Мала Преспа, за да се

истакнат најзначајните моменти од свадбениот обреден церемонијал:

подготовка на свадба, претсвадбени свадбени и посвадбени обичаи и

песни.

Истражувањата се темелат врз пишувани извори, врз емпириски

материјали собрани за време на моите теренски истражувања, како и врз

теренските истражувања од други истражувачи, коишто послужија при

компаративното набљудување со материјалите снимени на теренот денес.

Во оваа пригода ќе се повикаме на податоците од книгата “Мала Преспа”

од истражувањата на Гуре Дума (2007), кој ја напишал врз база на

раскажувањата на својот татко и на постари луѓе од сите села на Мала

Преспа, коишто помогнаа и околу реализацијата на овој труд.

Веридбата претставува претсвадбен обичај. Според податокот на Дума

,,имало случаи кога се вршела веридба уште кога децата биле во пелени.

Тоа се случувало меѓу комшии и пријатели, кои имале добри односи, па

постарите, особено жените, во тајност ќе сменеле дарови и ќе го даделе

зборот кога ќе пораснат децата да се земаат за маж и жена” (дума 2007:

85).

Главните подготовки за свадбата се вршеле последната недела” (Петреска

2002: 156). Се започнувало во понеделник, додека пак во вторник се

собирале поседарките. Во среда се месела погачата, а во четврток се

пазарувале свирбите”, односно свирачите и се канеле подалечните

пријатели. Во петок се колел јунец, додека рано наутро во сабота, две-три

дечиња оделе низ селото делејќи кравајчиња и вино велејќи: Да Повелите

да ни дојше на брак! Селаните, пак, им одговарале со зборовите: Сполај

ви, па на ваши главје!

Во саботата попладне, девојките од селото се собирале кај невестата и со

насолзени очи се простувале со бакнување. Потоа, тие ја кршеле погачата

и им ја делеле на присутните во дворот. Свирачите доаѓале во саботата

навечер кога се собирало целото село. Адет било свекрвата со погача на

главата, заедно со поседарките да заврти оpo неколку пати во дворот.

Најнапред пристигнувале подалечните гости, а потоа гостите од селото.

На софрите во дворот имало точно утврден рел на седење: од едната

страна седеле мажите, а од другата – жените, наредени по старост.

Најпочитуван на свадбата бил кумот, кој го земале со свирачи пред да се

соберат бракарите” (сватовите). Но, и братимите, кои вообичаено биле

два-тројца, биле многу почитувани.

Свадбените обичаи започнувале со одење по невестата, додека пак во

првата недела по свадбата се правел обичајот „првиче“ кој претстав

Во целокупниот свадбен обреден процес кај Македонците од Мала

Преспа се пееле песни, кои имаат точно определено обредно место и

време на изведба:

– кога се “виел” (плетел) венецот, се пеела песната “Месечино Мароле”;

– кога братимите го бричеле зетот

– кога свекорот ја дарувал невестата, се пеела песната “Растреси се,

свекре море”;

– кога невестата се разделувала од своите родители, се пеела песната

,,Черешна од корен са корни”;

– кога невестата дарува;

– кога невестата одела на чешма или на езеро да донесе вода и сл.

Бројни се примерите, кои укажуваат на зачуваноста на овие

традиционални пејачки форми, како еден вид репрезенти на дел од

музичко-фолклорното творештво на Македонците од Мала Преспа. Преку

нив се отсликува целокупната музичко-фолклорна традиција во овој

регион.

Во рамките на моите теренски истражувања во Мала Преспа во 2014

година, пејачките: Олга Ташовска, Катерина Ташовска и Трена Грозданова

од селото Пустец, покрај бројните информации околу свадбата, ме

информираа дека свадбените песни ги нарекуваат “бракарски”. Во врска

со свадбеното пеење, една од нив ми го објасни начинот на пеењето:

Постолица викаше, а јас и Цветкоица вржеме. Станува збор за двогласно

пеење, при што една од пејачките вика – ја пее мелодиската линија на

првиот глас, а други две пејачки го пеат вториот глас.

При изработката на мелопоетската анализа на свадбените песни од Мала

Преспа, земени се предвид три свадбени песни како најрепрезентативни

примери, а тоа се:

“Шенвај се, мајко, шенвај се”, ,, Бојана седи на пенџер“ и „Сокол ми лета

високо” (Видете го прилогот со нотни и текстуални примери).

Следејќи го моделот при анализата на мелопоетските форми, по примерот

од книгата, “Музичките дијалекти во македонското традиционално

народно пеење” на Родна Величковска (2008: 107-112) направив обид за

претставување на мелопоетска анализа на песните, како еден од

носечките предмети на моите етномузиколошки истражувања. Со

извршената анализа се истакнува неопходноста од оваа структурнотиполошка метода во проучувањето и нејзиното значење, метода со која се

фрла светлина врз карактерот на песните, кои се карактеризираат со

специфични структурни законитости, а тоа се, главно, метроритмичката и

мелодиската структура.

Така, во трите песни се среќава ритамот рубато, во осмеречка метричка

структура 5+3. Мелодиската линија се карактеризира со двогласни гактури од бордункси тип.

На крајот ќе заклучиме дека двогласното пеење и колективниот начин на исполнување се едни од онајважните карактеритиски на народните македонски свадбарски песни од Мала Преспа.

 

makedonium.net