Синоќа светилките на Ајфеловата кула беа изгаснати во чест на починатиот папа Франциск, јавува Анадолу.
Величествената париска знаменитост остана во темнина додека граѓаните и туристите му оддаваа почит на покојниот папа.
Одлуката за гаснење на светилките беше донесена како симболичен чин на благодарност и почит кон животот и делото на папата Франциск, кој зад себе остави трајна порака за мир, сочувство и меѓурелигиски дијалог.
Ајфеловата кула, која често служи како симбол на солидарност и сеќавање, беше изгасната и овој пат, како и претходно во чест на значајни светски лидери и личности.