Светските цени на храната бележат огромен скок во март

Светските цени на храната се зголемија за 17,9 поени или 12,6 проценти на месечно ниво во март, правејќи огромен скок до нов историски врв, соопшти денеска Организацијата на ОН за храна и земјоделство (FAO), јавува Агенција Анадолија (АА).

„Најновото зголемување ги одразува новите рекорди за растителните масла, житарките и месото, додека и шеќерот и млечните производи, исто така, значително се зголемија“, додаде ФАО.

Индексот на цените на храна на ФАО (FFPI) беше на 159,3 поени минатиот месец, исто така зголемен за 40,1 поен од март 2021 година.

ФФПИ е мерка за месечната промена на меѓународните цени на потрошувачката кошничка на прехранбени производи (пет главни групи на прехранбени стоки).

– Индексот на цените на растителното масло се искачија на највисокото ниво на сите времиња –

Индексот на цените на житарките се зголеми на 46,2 поени на годишно ниво во март и 24,9 поени на месечно ниво и достигна 170,1 поен.

„Месечниот пораст го одразува порастот на светските цени на пченицата и крупните житарки, главно поттикнат од прекините на извозот во Украина и во помала мера од Руската Федерација, поврзани со конфликтот“, се вели од ФАО.

Индексот на цените на растителното масло на ФАО достигна нов историски врв во март со зголемување од 46,9 поени во однос на февруари и 89,3 поени од март 2021 на 248,6 поени.

„Наглиот пораст на индексот беше поттикнат од високите цени на сончогледот, палмата, сојата и маслодајна репка. Меѓународните цени за масло од сончогледово семе значително се зголемија во март, поттикнати од намалените извозни резерви во услови на тековниот конфликт во регионот на Црното Море“, соопшти ФАО.

Индексот на цените на шеќерот на ФАО во март во просек изнесуваше 117,9 поени, што е пораст од 7,4 поени или 6,7 проценти во однос на февруари.

Зголемувањето на цената на шеќерот произлезе од наглото зголемување на меѓународните цени на сурова нафта што ги зголеми можностите за поголема употреба на шеќерната трска за производство на етанол.

Индексот на цените на месото на ФАО се зголеми за 5,5 поени на месечно ниво и 19,2 поени на годишно ниво на 120 поени.

извор: Агенција Анадолија (АА).