СДСМ и ДУИ да ја намалат акцизата на горивата за 50%, наместо да се фалат дека горивата се поевтини поради падот на светските берзи, велат од ВМРО ДПМНЕ

Шокантно е што СДСМ се фали со цените на горивата кои се пониски само затоа што паѓаат цените на берзите. Наместо да се фалат дека поевтинуваат горивата на светскиот пазар, што секако не е заради Ковачевски, да ја намалат акцизата за 50%, се вели во соопштението од ВМРО ДПМНЕ. Во истото од партијата додаваат:

Откако СДСМ е на власт, тие ја зголемија акцизата за 13.13 денари. И од тогаш секое литро гориво е поскапо за 13.13 денари, само затоа што така сакале СДСМ и ДУИ.

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за намалување на акцизата за 50% ќе ги намали цените и ќе овозможи граѓаните да имаат гориво по пристојни цени, а индустријата и земјоделците да имаат поевтино производство.

Дополнително земјоделците чекаат и намалување на ДДВ на 0% за вештачките ѓубрива чии цени на берзите рушат рекорди.

Наместо со бркање на дневен популизам владата да донесе реални мерки.