Северина должи 70 илјади евра кон поранешниот свекор Кеба

Балканските медиуми објавија дека хрватската пејачка на својот поранешен свекор му должи значителна сума пари. Таа наводно имала многу помалку работа поради пандемијата и набрзо ги потрошила сите пари што ги заштедила. Па, тогаш најмногу престојувала во домот на поранешниот сопруг Игор Којиќ и побарала позајмица од неговиот татко Драган Којиќ – Кеба.

„Во меѓувреме беше уапсена поради прекршување на полицискиот час, а Кеба и ја плати казната. Набрзо потоа таа и Игор раскинаа, а таа си ги собра работите и се врати во Хрватска. Она што сите не изненади е што никогаш не се јави да се врати парите. Кеба решил да и ги прости малите долгови, но во еден момент и се јавил за овој долг од 70.000 евра.Таа му рекла: „Сега немам“, а следниот пат не одговорила кога ја побарал“, пишуваат српските медиуми.

 

фокус.мк