Седум лица од повредените во трагедијата пристигнаа на лекување во Мадрид

Амбасадорот на Македонија во Шпанија, Едмонд Адеми на својот Фејсбук профил истакна дека во Мадрид вечерва пристигнале седумте пациенти повредени во трагичниот настан во Кочани.

Како што вели, сместени се на лекување во две Универзитетски клиники.

„Благодарност до шпанската влада, шпанското министерство за здравство и Регионот на Мадрид кои го превеземаа лекувањето на овие 7 млади луѓе. Амбасадата ќе биде во целосно располагање во текот на нивното лекување во Мадрид. Посакувам брзо заздравување!“, порача Адеми.

4news.mk