Седум хуманитарни работници биле убиени во Појасот Газа во, како што рече основачот на нивната добротворна организација, израелски воздушен напад.
Меѓу загинатите вработени во шпанската организација Светската централна кујна (World Central Kitchen-WCK) има работници од Полска, Австралија, Ирска и Велика Британија.
Основачот на WCK и готвач Хозе Андрес рече дека тие биле убиени „во воздушен напад на ИД (Израелските одбранбени сили).
ИД извести дека спроведува „темелна истрага за овие наводи“.
Канцеларијата за медиуми во Газа управувана од Хамас, организација означена како терористичка организација од Соединетите Држави и Европската Унија, исто така го обвини Израел за нападот.
„Свесни сме за извештаите дека членовите на тимот на Светската централна кујна биле убиени во напад на ИД додека ги поддржувале нашите хуманитарни напори за испорака на храна во Газа“, објави WCK на мрежата X.
„Ова е трагедија. Хуманитарните работници и цивилите никогаш не треба да бидат цел“, напиша хуманитарната организација.
Организацијата Светска централна кујна е вклучена во испораката на помош за Газа, која од март пристигна во воената зона со бродови од Кипар.
Организацијата ја презеде и дистрибуцијата на помош за луѓето во Појасот Газа.
Израелските напади врз Појасот Газа почнаа по 7 октомври, кога припадниците на Хамас на југот на Израел, според израелските податоци, убија 1200 луѓе, а зедоа 253 заложници.
Оттогаш, според палестинското Министерство за здравство, најмалку 32.845 Палестинци се убиени, а 75 392 се ранети во израелските напади врз Газа.