„Секн хенд“ книжарницата со повеќе од 30.000 книги во Сеул, главниот град на Јужна Кореја, го привлекува вниманието на љубителите на пишаниот збор, известува Анадолу.
Книжарницата нуди користени книги во различни категории и на повеќе јазици. Во книжарницата има изобилство книги на голем број светски јазици и може да се најдат дела и на англиски, турски, германски, корејски, јапонски и шпански.