Од 14 до 25 години се починатите лица во пожарот кој се случи утринава во дискотека во Кочани изјави денеска директорката на Болницата во Кочани, д-р Кристина Серафимова.
Починатите се од Скопје, Штип, Кочани и Пробиштип, додаде д-р Серафимова, додавајќи дека кај нив се хоспитализирани 20 пациенти од 18 до 23 години.
Во пожарот кој избувна утрово во 3 часот загинаа 51 лице, а над стотина се повредени, соопшти претходно министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.