Се гледаат видео записи на денешното рочиште за убиството на Вања и Панче

На денешното рочите во случајот за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски беа презентирани видео записи од хотелот „Сити Парк“ на кои се гледа како во 6 и 37 минути поминува возилото „цитроен“ оди кон зградата го која живееше девојчето.

Настанот се случил на 27 ноември 2023 година. На снимките презентирани од страна на обвинителството не може да да се забележи колку лица се наоѓаат во возилото.

Од друга камера обезбедена од „Интеа форма козметичко студио кое се наоѓа во близина на зградата се гледа како во 7 часот и 29 минути поминува „цитроенот“. Тоа е времето кога е изршено грабнувањето.

„Во реално време 7:29 се гледа како поминува возилото Цитроен. Ова е всушност времето кога е извршено грабнувањето. Би сакала да ја погледнеме снимката една минута пед да помине Цитроенот со цел да се утврди колку возила поминуваат на улицата во тоа време од денот. Понови, постари и без да чадат… во време од само една минута може да се забележи дека минуваат десетина возила пред да помине Цитроенот. Од она што обвинителството го анализираше во време од 4 минути пред да помине Цитроенот минуваат 26 возила, додека откако ќе помине на снимката се гледа како на секои 30 секунди минува возило“, изјави обвинителката.

Оваа снимка ја поседувал и таткото на Вања и која му ја испратил на началникот Димовски со назнака дека „нешто му е чудно“.

 

 

skopjeinfo.mk