Прочуениот Октоберфест треба свечено да биде отворен во сабота во Минхен. Тој се смета за најголем фестивал во светот. Подготовките за неговото 189-то издание се во завршна фаза.
Во фестивалските шатори веќе се поставуваат пивски маси, се закачуваат украси и се вршат помали технички работи. Покрај пивото, храната и музиката во фестивалските шатори, Октоберфест вклучува и други атракции како забавен парк со панорамско тркало. Подготовките за 189-тото издание на Октоберфест започнаа на 1 јули. Од 21 септември до 6 октомври се очекуваат околу шест милиони посетители.
Пожар избувна на Техничкиот факултет во Истанбул (ITU), јавуваат турските медиуми. Според извештаите, пожарот избувнал во контејнер каде што работниците…