Авион во кој се наоѓале фудбалерките на Арсенал се запалил на пистата во неделата вечерта.
Инцидентот се случил на аеродромот „Брауншвајг“ во Волфсбург, каде фудбалерките требало да одиграат натпревар против екипа од овој град, објави „Дејли мејл“.
Птица влета во моторот непосредно пред авионот да полета. Пламенот веднаш почнал да излегува од Боингот 737.
Арсенал излезе со соопштение во кое се наведува дека фудбалерките безбедно се вратиле дома.
„Нашиот авион имаше технички проблеми пред да полета за Германија“, се наведува во соопштението.
Премиерот Димитар Ковачевски и делегацијата на Владата на Република Северна Македонија денеска во Соборниот храм „Св. Георгиј Победоносец“ во седиштето…
Тестамент на Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија г.г.Анастас Нека е благословено твоето име, Господи! Со длабока благодарност размислувам за годините…