Регионалниот ЦУК Струмица информира за давеник во Дојранско Езеро, кој исчезнал во водата кон пладне. Лицето не е пронајдено и е непознато. Настанот се случил кога лицето било качено на педелинка што најверојатно се превртела, а лицето не знаело да плива. За сега, нема податок дали имал безбедносен елек. Телото се уште не е пронајдено заради тоа што во езерото има многу трски, алги,а и слаба е видливоста – до 1м длабочина. Местото на настанот било блиску до брегот и било обезбедено од припадници на МВР, кои ги известиле сите институции и побарале помош од специјалните нуркачки единици од МВР Тигри за да се спроведе акцијата за пронаогање на телото. На лице место се ТППЕ и СВР Гевгелија.
Related Posts
Тошковски: Со ова ниво на издавање пасоши ќе треба уште една година сите државјани на Македонија да добијат патни исправи
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски споделуваќи детали од вчерашниот состанок со грчката амбасадорка Софија Филипиду наведува дека од страна…
Голема полициска акција – МВР влезе во затворот Идризово
Полициска акција во моментов се одвива во затворот Идризово. Според информациите на Министерството за внатрешни работи, претресот во казнено поправната…
Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, ХОББ и хипотироидизам
Матичните лекари ќе може да препишуваат терапија за висок притисок, дијабетес, астма, хронична опструктивна белодробна болест, астма и хипотироидизам. Оваа…