Најмалку 22 лица се удавија кога туристички брод се преврти во јужната индиска држава Керала.
Бродот се превртил во близина на крајбрежниот град Танур. Според локалната полиција, спасувачката акција е во тек, а бројот на загинати би можел да биде поголем откако ќе биде извлечен бродот.
Спасувањето било отежнато во ноќните часови, а локалните медиуми јавуваат дека меѓу жртвите има жени и деца кои биле на училиштен одмор.
„Извлечени се 22 тела, од кои 15 се жени и седум мажи. Во болницата има околу шест лица. Најмалку четири лица кои се пренесени во болница се во критична состојба“,
потврди офицер од полициската станица во Танур.
Преживеаните сведочат дека многу патници не носеле елеци за спасување во моментот на несреќата.
„Бродот со патници бил преполн, што резултирало со превртување“,
изјави Абдул Назар, помлад началник на полицијата во областа Малапурам.
Надлежните спроведуваат истрага за да се утврди точната причина за оваа трагична несреќа.
Иако бродот имал капацитет за околу 50 луѓе, се претпоставува дека на него имало двојно повеќе патници во моментот на несреќата.
Индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство на Твитер.
Денес е прогласен за ден на национална жалост.
360stepeni.mk