Се прошири истрагата за Кочани – Уапсени поранешните министри за економија Сарачини и Незири, како и сегашниот министер без ресор Салиу

Основното јавно обвинителство ја проширува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според  информации на РЕПУБЛИКА, истрагата се проширува за 23 нови осомничени. По наредба на надлежен обвинител, БЈБ на МВР ги обезбедува за истрагата актуелниот министер без ресор и поренешен директор на ДЗС, Шабан Салиу и актуелниот директор на ДЗС, Џеват Селами. Деветнаесет лица се приведени или се приведуваат.

За Дритон Кучи, поранешен министер за економија од ДУИ, кој во моментов е амбасадор на земјава во Кралството Норвешка, е утврдено дека не се наоѓа во земјата.

Опфатени во истрагата се и поранешните министри за економија уште од минатата влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ – Беким Незири и Ваљон Сарачини.

Вклучени во истрагата се и поранешниот директор на ДЗС, Аднан Џаферовски, поранешниот директор на пазарен инспекторат, Виктор Дерменџиев. Опфатени се и повеќе поранешни функционери.

Повеќе информации се најавени во текот на денот.

 

извор: РЕПУБЛИКА