Истрагата која институциите ја спроведуваат по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани се проширува.
Утрово, полициски екипи вршат претреси во другиот објект кој е во сопственост на газдата на дискотеката „Пулс“.
Покрај ова, како што неофицијално се дознава, полицијата влезе и во службените простории на подрачната единица на Државниот пазарен инспекторат во Кочани.
Дејан Јованов-Деко, кој сега е притвор, беше закупец на дискотеката Пулс во која во пожарот живтотот го загубија 59 млади лица. Тој го управуваше и кафулето Класик во трговскиот центар во Кочани, како и со подружницата на Карго експрес за Кочани и Виница.
Повеќе детали од МВР и Обвинителството се очекуваат во текот на денот.