Се степале, па со ловечка пушка го усмртил синот. Ова се последните детали кои ги соопшти СВР Тетово во врска со убиството во Блок 70 во Тетово.
-Денеска околу 18.50 часот во Блок 70 во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата. С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово. Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловечка пушка.
По преземени мерки и активности за расчистување на случајот, во координација со јавен обвинител, утврдено е дека се работи за кривично дело “убиство” сторено на 31.12.2024, каде по претходна физичка пресметка, М.Н. (65) со ловечка пушка го усмртил неговиот син С.Н.., информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Од полицијата најавуваат дека по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
kurir.mk