Животот покрај реката Пена во тетовската населба Деребој заврши трагично за шест-годишно машко дете. Детската игра во дворот од семејната куќа го одвела до работ од реката. Се лизнало и паднало, а брзата река го повлекла неговот мало тело. Неговата мајка се фрлила по него, но не успеала да го спаси. Силниот водостој на пена веќе го однел многу подалеку од нејзините раце. Двајца соседи влегле во реката по мајката, и таа е извлечена на безбедно, но не и нејзиното дете. Цели 4 часа детското тело го бараа шест пожарникари, полицијата и спасувачки екипи.
Денеска Тим за брз одговор од ПОЗС – Тетово заедно со пожарникари од ТППЕ Тетово и припадници на Полицијата на Тетово беа ангажирани за пронаоѓање на 6 (шест) годишно дете, кој според сознанието паднал во Реката Пена, соопштија од Дирекција за заштита и спасување
Потрагата се раширила долж брегот на сите околни места. Пронајдено е во 17 часот. Детето е извадено, но без знаци за живот. Полицијата се уште врши увид и ги бара причините за оваа трагедија, а телото на детето е дадено на обдукција.
Република.мк