Граѓаните во Грција кои се над 60-годишна возраст и не се вакцинирани, од денеска нема да биде потребно да плаќаат месечна административна казна од 100 евра што беше воведена пред три месеци, со оглед на тоа што привремено се укинува конкретната одлука на Владата.
Министерот за здравство на Грција Танос Плеврис минатиот месец соопшти дека од 15 април привремено ќе се укине казната од 100 евра, а мерката одново ќе се разгледа во септември.