Триесет и пет лица се повредени, од кои пет се здобиле со тешки телесни повреди, при уривање на таванот на свадбена прослава во поранешен манастир во градот Пистоја, во регионот на Тоскана, јавуваат италијанските медиуми.
На свадбената веселба имало повеќе од 60 луѓе, а таванот се урнал во доцните часови додека гостите играле, јавува АНСА.
Al Convento di Giaccherino di Pistoia in corso le operazioni di soccorso dopo il crollo di una porzione dell'edificio. Al momento risultano 5 persone trasportate al pronto soccorso in codice rosso, dieci in giallo e circa venticinque persone in codice verde. #IoSeguoTgr pic.twitter.com/IjvPtk1Xjm
— Tgr Rai Toscana (@TgrRaiToscana) January 13, 2024
Централната здравствена управа на Тоскана потврди дека 12 повредени се пренесени во болницата Сан Јакопо во Пистоја, а другите во болниците Лука, Пеша, Прато, Кареги и Торегали.