Едно лице загина денеска во Невесиње, БиХ, кога врз него се урна тунелот „Зови до“. Двајца работници со повреди се пренесени во болницата во овој град.
Во Полициската станица Невесиње било пријавено дека се урнал тунелот „Зови До“ во Џинова Махала во Невесиње, во Република Српска. Во несреќата загинало лицето со иницијали А.Ѓ.
Двајца повредени работници се извлечени и сместени во болницата Невесиње.
Дежурниот обвинител на Окружното јавно обвинителство Требиње заедно со полициските службеници од полициската управа Требиње ќе изврши увид на лице место кога ќе се исполнат условите за истрагата.
За дополнителни информации за настанот е одговорно Окружното јавно обвинителство во Требиње.
фото: Архива